Што не треба да правите првиот ден на новото работно место

58

За да оставите добар впечаток на новото работно место потрудете се да не ги правите следниве неколку работи.

Не споделувајте лични информации

Нови сте и сè уште не ги познавате колегите. Затоа не смеете веднаш да споделувате приватни информации. Испитајте го “теренот“, па после одлучете кому можете да се доверувате, а од кого треба да се дистанцирате.

 Не одбивајте понудена помош од колегите

Некои колеги ќе се понудат да ви помогнат. Вие сте новиот вработен и треба да се запознаете со нови задачи и обврски. Прифаќањето на помош нема да ве направи беспомошни, со соработката може да запознаете и пријател.

Не претпоставувајте, прашајте

Доколку имате нешто нејасно, прашувајте ги одговорните лица. Не преземајте ништо на своја рака. Телефонски повик или мејл ќе го разјаснат секое прашање што го имате во врска со првиот работен ден.

Не ја одбивајте поканата за колегијален ручек

Добар начин за запознавање со колегите е дружење за време на паузите. Тоа може да биде кафе, оброк… коишто би било неучтиво да ги одбиете. Секој почеток е тежок, а новите колеги ќе бидат тука за да ве упатат во сè што треба.

Не се жалете за претходниот работодавач и колегите

Колку и да имате потреба да кажете за лошото искуство на претходното работно место, немојте тоа да го правите пред новите колеги и претпоставени. Веројатно и тие ќе се запрашаат дали утре и за нив ќе зборувате во негативен контекст доколку си заминете од таму.

Фото: Pixabay