Полската PZU заинтересирана за Кроација осигурување и Триглав

36

pzuПолската PZU, најголемата осигурителна куќа во средна и источна Европа е заинтересирана за инвестирање во Кроација осигурување, дури и ако хрватската влада одлучи да продаде помалку од 51%.

При посетата на Загреб, претседателот на управата на PZU група, Анджеј Клесик изјави дека долгорочно имаат за цел да станат мнозински сопственик на Кроација осигурување, а потоа од хрватскиот пазар би продолжиле со ширење во регионот. PZU за ширење во средна и источна Европа има на располагање две милијарди евра капитал. Клесик потврди дека оваа осигурителна куќа е заинтересирана и за словенечко Триглав осигурување, но ја чека словенечката влада да донесе одлука за негова приватизација.

PZU е лидер на полскиот осигурителен пазар со удел од 33%. Иако активностите ги прошири и во Латвија, Литванија, Естонија и Украина, 99% од приходите ги остварува на матичниот пазар. Бруто премијата на PZU минатата година изнесувала 4,5 милијарди евра.