Што е автентично лидерство?

175

liderstvo-1

Фото: Pixabay

Постојат повеќе различни теории и видувања за тоа што го кракатеризира автентичното лидерство, но повеќето од нив ги наведуваат следниве работи како заеднички за автентичните лидери.

Тие се самосвесни и имаат вистински вредности

Овие лидери се свесни за нивните вредности, слаби точки и нивните емоции. Пред своите следбеници тие го покажуваат вистинското јас и не го менуваат однесувањето во зависност од соговорникот. Тие се верни на својот интегритет и не ги кријат своите слаби страни и направените грешки од страв дека ќе делуваат слаби пред другите.

Водени се од мисијата и резултатите

Автентичните лидери ја ставаат мисијата и целите на организацијата пред нивниот сопствен интерест. Ја работат работата поради резултатите, не поради добивање на моќ, пари или его.

Тие водат со срцето, не само со умот

Овие лидери не се плашат да ги покажат своите емоции и да се поврзат со своите вработени. Но тоа не значи дека тие се “меки”. Токму директната комуникација е клучна за успех, но само ако е пропратена со емпатија, во спротивно ваквата комуникација би била сурова.

Фокусирани се на долги патеки

Нивниот фокус е на долги патеки, не само на кварталните проценки. Овие лидери знаат дека успешното раководење со индивидуите, како и со компанијата, бара огромно трпение и напорна работа, но и дека правилниот пристап кон работите навистина се исплаќа со текот на времето.