Што не треба да правите ако сакате да им се допаднете на луѓето

60

Желбата да им се допаднеме на луѓето секогаш е присутна и токму затоа некои работи треба да ги елиминираме од нашето однесување.

Споделување на премногу фотографии на социјалните мрежи

Секогаш кога ќе претерате со било што, создавате впечаток дека сакате да се наметнете, да покажете дека можете подобро од другите или дека имате повеќе. Воздржете од споделување на секој “момент“ од случувањата во вашиот живот.

Преголема љубопитност

Во ред е да сакате да дознаете нешто повеќе за соговорникот, но не смеете да го “бомбардирате“ со секакви прашања. Притоа, треба и вие да кажете нешто за вас. Разговорот, особено ако е прва средба, треба да биде спонтан и еднакво пријатен за двете страни.

Лажна љубезност

Не треба да глумите премногу добри и заинтересирани за да му се допаднете некому. Лажните насмевки и согласување со секое тврдење не останува незабележано и соговорникот може лесно да ја “прочита“ вашата неискреност.

Споменување на имиња

Можеби се знаете со некоја позната, славна и моќна личност, но тоа не значи дека веднаш треба да ја споменете вашата поврзаност со неа. Изоставете ја таа информација и споменете ја само ако некој конкретно ве праша нешто за таа личност.

Несрдечно поздравување

Секогаш кога треба да се ракувате со некого тоа нека биде цврсто, одлучно и самоуверено. Со ова поздравување покажете дека ви е мило што се гледате со соработникот, пријателот, новиот познаник… Не го одбегнувајте ракувањето, тоа е основен начин да покажете културно и професионално однесување.

Понекогаш што и да направите не можете да бидете допадливи за сите. Но, она што треба да го практикувате е да се однесувате прикладно во секоја ситуација.

Фото: Pexels