Мало потсетување за најважните работи во бизнисот…
За успешен бизнис треба да одберете нешто за што имате талент и сакате да го правите.
Пред да ја претставите вашата понуда, испитајте што навистина им треба на купувачите.
Не се обидувајте веднаш да создаде совршен производ/услуга. Започнете со работа и потрудете се околу продажбата.
Секогаш користете ги критиките од клиентите како алатка за подобрување и промена на понудата.
Изградете сопствена платформа, но не се обидувајте да им се допаднете на сите.
Споделувајте ја вашата лична, успешна приказна. Така полесно ќе се поврзете со клиентите.
Запомнете дека конкуренцијата е добра работа. Тоа значи дека на пазарот се бара тоа што го нудите.
Никогаш не престанувајте да градите и негувате познанства и пријателства со клиентите и останатите луѓе од вашата индустрија.
Не се предавајте, не прифаќајте НЕ за одговор и не сфаќајте сè лично.