Што не треба да правите кога започнувате сопствен бизнис

49

Вашата идеја прерасна во бизнис, но сега се поставува прашањето: Што потоа? Еве неколку работи што треба да ги правите или заборавите.

Не брзајте со склучување на партнерство

Ако некој е ваш пријател и одлично се сложувате, не значи дека тоа ќе биде така доколку одлучите да станете бизнис партнери. Возбудата за можни успешни сценарија е една работа, но реалноста кога се води компанија е сосема друга. Бидете сигурни дека што и да се случи со бизнисот, пријателството ќе остане на прво место. Во спротивно откажете се идејата за партнерство.

Не се обесхрабрувајте

Бизнисот не е моментална работа, тоа е долготраен процес што бара многу вложување и работа. Ќе се случи да имате клиенти, да ги изгубите, со или без причина, на фер или нефер начин. Останува на вас да бидете храбри и од стресните и немили ситуации да извлекувате практични поуки за во иднина.

Не правете сè сами

Иако е важно да имате заштеда настрана, исто така клучно за бизнисот е да бидете способни ефикасно да ги решавате секојдневните задачи. Доколку сè е оставено на вас, половината нема да биде завршено како што треба. Можеби ќе треба да одвоите екстра финансии, но крајниот резултат ќе биде позитивен. Распоредете ја работата паметно на вистинските луѓе.

Не ја заборавајте вашата замисла

Можеби некои луѓе ќе се обидат да ви наметнат други гледишта, да ја “закопаат“ вашата идеја, а можеби и околностите нема да бидат на ваша страна. Кога ќе биде најтешко и кога ќе мислите дека сте го допреле дното, потсетете се зошто го започнавте бизнисот, што сакавте да направите и каде сакавте да стигнете.

Фото: Pixabay