One – мултифункционален паметен куфер

49

Jey&Em, дизајнерско студио од Швајцарија, претстави паметен, мултифункционален куфер наречен One.

Според двајцата дизајнери, производот е одлично решение за бизнис патувања и со својата практичност го олеснува движењето до една до друга дестинација. Куферот доаѓа со футрола за лаптоп, надворешна батерија (power bank) и два bluetooth следачи.

One има димензии коишто се одобрени од повеќето авиокомпании што значи може да се понесе со патникот во авионот.

Футролата за лаптоп лесно се вади од главниот куфер, а е дизајнирана да ги собере сите потребни елементи од типот на кабли и слично. Екстерниот кабел или power bank, исто така, може да се користи за полнење и во авионите.

Освен тоа, куферот има тивки тркала што не испуштаат звук при влечење, специјални YKK патенти и премиум заштита од поликарбонат за безбедно чување на предметите во него.

Фото: Jey&Em