Како да “уловите“ повеќе бизнис можности

37

Можностите за бизнис не треба да се чекаат, треба да се бараат на секој чекор и во секој момент. Не знаете кога ќе добиете шанса, а не би сакале да ја испуштите.

Експертите ги дават следниве совети.

Пронајдете ја својата насока

Да се пронајде шанса е генерален поим. Ваше е истиот да го насочите, односно да пронајдете што сакате да правите. За полесно да успеете во потрагата треба да преземете контрола врз ситуацијата. Пред да барате нешто, треба да ги испитате своите можности и таленти.

Соработка и вмрежување

Можеби сте навикнале да работите сами, но за да најдете нови бизнис можност ќе треба да соработувате и да се вклучите во настани со вмрежување. Колку повеќе луѓе запознавате, толку повеќе идеи ќе слушнете. Тоа можете да го правите и преку социјалните медиуми, како на пример LinkedIn. Започнете со едноставна комуникација и постепено ширете ја вашата мрежа на познанства коишто можат да вродат со плод.

Ангажирајте ментор

Ментор е некој кој веќе постигнал повеќе од вас и го има потребното искуство што може да го сподели. Не го ставајте егото во преден план. Потрудете се да најдете човек што може да ве упати и да ви помогне во пронаоѓање на нови можности за бизнис. Во животот не можеме да знаеме сè и да успееме сами. Понекогаш ни е потребна токму менторска помош.

Бидете доверливи

За да добиете повеќе можности во животот треба да влевате доверба кај луѓето. Доверливоста е една од најважните особини за успех. Никој не сака да соработува со сомнителна, недостапна личност која изгледа како да крие нешто. Бидете свои и искрени, не прекршувајте ветувања и не разнишувајте ничија доверба во вас. Само така може да ви се отворат вратите.

Фото: Pexels