Практични совети за поголема продуктивност

29

Организирана работна средина во голема мера придонесува за зголемување на продуктивноста. Не е потребно многу време за да се среди работниот простор и да се обезбедат услови за непречено извршување на обрските.

Расчистете

Прво треба да ги тргнете сите непотребни работи што бадијала зафаќаат место. Сигурно ќе најдете предмети што одамна веќе не ги користите.

Работи што ве мотивираат

Она што ви причинува задоволство и што ве мотивира да работите, нека остане во ваше видно поле. Многу луѓе имаат одреден предмет што едноставно ги поттикнува да бидат продуктивни.

Ослободување од стресот

Ослободете се од сè што ви претставува стрес. Разгледајте во канцеларијата или просторот во којшто работите и најдете го изворот на тоа што ви создава немир.

Мејлови

Освен надворешениот простор, треба да ги организирате мејловите, фајловите и сите потребни документи на компјутерот. Започнете со декстопот на којшто не треба да има сè и сешто. Откако ќе ги избриште непотребните работи, направете ред на фајловите и соодветно обележете ги.

Бои, топлина, светлина

Бојата на собата, температурата и природната светлина, исто така, придонесуваат за продуктивноста. Боите треба да се пастелни и да не привлекуваат многу внимание, а температурата прилагодена на индивидуалните потреби. Природната светлина треба да биде прв избор, а доколку е невозможно користете светилки што не ги заморуваат очите.

Фото: Pexels