Швајцарското дизајнерско студио Panter & Tourron создаде преносен, ултра лесен мебел што може да се монтира било каде и без употреба на алати.
Колекцијата е наречена Tense и целиот “пакет“ тежи само 20 килограми. Се состои од масичка, столче, лустер, огледало со светло и естетски “екрани“ за да се подели просторот според потребите. Сите елементи се исклучително лесни и ја одржуваат својата форма.
Мебелот може да се носи во рамна форма, како панели, или сместен во цевка, а во најголем дел парчињата се изработени од рециклирани пластични шишиња, пишува Dezeen.
За потребите на проектот студиото работеше со компанијата Stoll, којашто продава машини за плетење на Nike.
Фото: Panter & Tourron