Клучни совети за среќа и успех во животот според Ричард Брансон

68

Иако не завршил високо образование и го напуштил и средното училиште, денес британскиот бизнисмен Ричард Брансон е еден од најуспешните луѓе во светот. Веќе на 22-годишна возраст станува сопственик на сопствен бизнис за денес да раководи со низа успешни компании од различни области.

Еве што тој вели за среќата и успехот.

Не го мерете успехот според парите

Фокусирајте се на тоа да го направите светот подобро место за живот, заложете се за нешто, а парите порано или подоцна ќе дојдат. Успехот е движечка цел – трудете се да напредувате, но ценете го и тоа што го имате во моментот.

Комуникација без технологија

Брансон практикува да зборува лице в лице со соговорниците. На семејните собири не користи телефони, а на деловните средби внимателно слуша и фаќа забелешки. Тој вели дека треба да бидеме присутни во моментот, да бидеме активно вклучени во разговорот/средбата и да ја минимизираме употребата на технологијата.

Нека ве води забавата

Не работете нешто што не сакате и не ја потценувајте забавата. Таа е важна “состојка“ за постигнување на успех. Токму затоа не треба да губите време со нешто што не ви носи радост и среќа во животот.

Хоби во природа

Најдете некое хоби што ќе ве “однесе“ надвор, во природа. На тој начин ќе се расположите, ќе соберете енергија, ќе го намалите стресот и ќе имате повеќе контрола над тоа што го правите.

Континуирано учење

Брансон иако не успеал да заврши образование, тој постојано учел, по една нова работа секој ден. Затоа вели дека постојано и од секој можен извор треба да се учи. Да се ловат шансите и да се запознават нови луѓе. Преземете го ризикот иако не се разбирате доволно од индустријата, ќе имате шанса да научите и дознаете попатно.

Фото:Facebook