Кога технологијата е секојдневие, а добро знаеме дека истата покрај бенефициите што ги нуди може да се искористи и за злоупотребување на податоци. Токму затоа треба многу да се внимава како се користат одредени лични податоци онлајн.
Внимавајте со социјални медиуми
Треба да бидете многу внимателни со споделување на информации на социјлните медиуми. Тие можат да бидат видливи за секого, а со тоа и злоупотребени. Доколку не сакате да ризикувате постои опција на сите социјални мрежи Facebook, Twitter, LinkedIn, Instagram, Snapchat… да ги направите податоците видливи само за одредени луѓе или пак само за вас.
Не користeте јавни платформи за приватни податоци
Google Docs и Dropbox се платформи за складирање на онлајн податоци. Не ги користете за приватни работи, како лозинки, идентификациони броеви од документи, телефони и слично.
Алтернативни мејлови
Најдобро е воопшто да не давате приватни мејлови, но доколку тоа не можете да го избегнете со одредени онлјaн услуги и плаќања, креирајте посебен мејл само за такви ситуации.
“Силни“ лозинки
Користете лозинки коишто е тешко да се откријат. Поврзете ја со нешто сосема лично, приватно и задолжително користете бројки и по некоја голема буква. Обидете се да користите различни лозинки за различни услуги.
Внимателно со Wi-Fi конекциите
Кога користите јавни Wi-Fi конекции внимавајте што споделувате, секој што е на вашата мрежа може да ги “пресретне“ податоците. Личните информации, лозинки, броеви од кредитни картички и слично не треба да се најдат на “онлајн просторот“ при користење на ваков тип на конекции.
Фото: Pixabay