Истражувањата велат дека лошиот однос на шефот е број еден причина за напуштање на работното место. Затоа, доколку “губите“ вработени време е да елиминирате некои свои особини.
Еве каков шеф не треба да бидете:
Егоист
Шеф кој сака постојано да му се делат комплименти, да се почитува и тогаш кога греши е личност која вработените никогаш не би ја прифатиле. Затоа, не дозволувајте егото да надвладее со здравиот разум.
Не прифаќа туѓо мислење
Исто така, доколку шефот секое различно мислење го смета за личен напад, сигурно нема да биде омилен кај своите вработени. Понекогаш туѓото мислење може да биде токму тоа што треба за решавање на некој проблем.
Неорганизиран пристап
Кога некој работи за неорганизиран, импулсивен шеф што не знае што следно е на агендата, разбирливо е да чувствува притисок и желба да си оди. Вработените не можат да претпоставуваат што треба да прават и како да постапат, доколку не им се дадат јасни насоки.
Не прифаќа одговорност
Секој прави грешки, но не секој презема одговорност за стореното. Шефот кој не сака да си ја признае грешката дава само лош пример за неефективен лидер. Уште полошо е ако се обиде да обвини друг или да смисли некаква лага за целата ситуација.
Навредливо однесување
Да се навредуваат вработените, не само што е непрофесионално, туку е и нехумано. Без разлика што се случило, еден лидер не смее да се спушти на такво ниско ниво. Навредливото однесување е неприфатливо за секого.
Фото: Pexels