Колку е (не)моќна критиката

62

Критиката може да ги отвори очите, но критиката може и да предизвика огорченост. Од нас зависи дали и како ќе прифатиме нечии зборови, што можат да бидат добронамерни или завидливи. Оние кои на свој грб ја искусиле (не)моќта на критиката кажале генијални мисли. Еве неколку од нив.

Најчесто тие кои критикуваат и откриваат што им недостасува.

Не ја губете енергијата обидувајќи се да смените нечие мислење. Работете си ја својата работа и не се грижете ако на некого не му се допаѓа.

Некои луѓе единствено го чувствуваат слаткиот вкус на успехот кога се обидуваат да посегнат по нешто туѓо.

Секој може да критикува, да се жали, да осудува и повеќето тоа и го прават. Но, потребно е карактер и самоконтрола да се разбере и прости.

Финалниот доказ за големината на еден човек лежи во моќта да се прифати критиката без лутина.

Некои “мали“ личности зборуваат за неуспесите на другите луѓе со толкав ентузијазам што ќе помислите дека зборуваат за сопствениот успех.

Оној што фрла земја по другите, останува без тло под нозете.

Проблемот со повеќето од нас е дека повеќе би сакале да бидеме уништени од пофалби, отколку спасени од критики.

Постои само еден и единствен начин да одбегнеме критика – да не правиме ништо и да не велиме ништо.