Брод од 12 метри ќе се обиде да го премине Атлантикот без екипаж

53

Во тек се последните подготoвки за бродот, наречен USV Maxlimer, којшто е планирано да го премине Атлантикот без екипаж, пишува Reuters.

Дванаесетметарскиот брод ќе плови од Канада до јужниот брег на Англија и ќе изврши испитувања во морските длабочини, при што ќе биде управуван од контролна станица во Велика Британија.

Патувањето се очекува да трае околу 35 дена. Доколку бродот успешно ја заврши мисијата, ќе биде прв брод што го преминал Атлантскиот океан без екипаж.

USV Maxlimer е дело на Sea-Kit International, којшто развива бродови за потребите на поморската и истражувачката индустрија. Бродот, додека е закотвен, се управува преку рачен далечински управувач, а кога плови емитува податоци во реално време на контролорот преку повеќе сателитски линкови.

Фото: Sea-Kit