WarmLine – онлајн линија што решава проблеми на вработени

28

Фото: Pixabay

Технолошката компанија Intel отвори анонимна онлајн линија преку којашто вработените се поврзуваат со менаџерите за да ги решат проблемите со кои што се соочуваат на работното место, пренесува CNN.

Станува збор WarmLine, како што е позната меѓу вработените на Intel, којашто овозможува висока стапка на заштеда од 82%. Тоа значи дека осум од 10 вработени, кои поднеле некаква жалба, сè уште се во компанијата.

Од моментот на отворање, WarmLine успеа да реши над 20.000 случаи со што успева да ги реши проблемите во компанијата. Вработените на тој начин успеаја да добијат совети за развој на кариерата, промена на секторот во којшто дотогаш работеле и добија корекции во платата благодарение на WarmLine.