Компанијата Bigelow Space Operations, зад којашто стои милијардерот Роберт Биглоу, планира да испрати 16 туристи – астронаути на едномесечен престој на Меѓународната вселенска станица. Картата за патот во вселената ќе чини 52 милиони долари, односно за таа сума туристите ќе си обезбедат место на SpaceX ракета, чиешто лансирање се очекува во 2020 година.
Ова ќе биде голем чекор за NASA, којашто досега не дозволуваше вселенски туризам, пишува Wired.
Меѓународната вселенска станица за време на овој престој ќе смести 10 луѓе, шест владини астронаути и четворица туристи, на кои ќе им биде обезбеден кревет, соодветна храна и ќе имаат строго одреден распоред.
Во најголемиот дел од времето ќе се прават научни експерименти, ќе се разгледува станицата, но сепак она што е најимпресивно е единствениот поглед и искуството што ретко кој може да си го дозволи.
Со секое лансирање на SpaceX ќе можат да се превезат четворица “туристи“, a NASA ќе добива по 35.000 за секоја ноќ што вселенскиот турист ќе ја помине на станицата.
Фото: Pexels