Кои се седумте лоши навики што е дозволено да ги правите?
Преспивање
Спиењето подолго време или дневните дремки најчесто се навики што се препишуваат на мрзливите луѓе. Сепак, тоа не е сосема точно. Понекогаш треба да се “слуша“ биолошкиот ритам, тој ќе каже кога сме подготвени да го започнеме денот или доволно одморени да продолжиме.
Прескокнување на појадок
И покрај тврдењата дека не смееме да го прескокнеме појадокот, за некои луѓе тоа не важи. Многумина не можат да јадат рано наутро, па нутриционистите советуваат доколку немаат апетит да не се тераат сосила нешто да консумираат. Доколку не се вклучени во некаква физичка активност, нема да биде проблем да се почека со првиот оброк.
Џвакање на мастика
Можеби изгледа непрофесионално, но сепак џвакањето на мастика си има свои предности. Ја подобрува меморијата, концентрацијата, го намалува стресот, ефикасна е во борба против пушење и ги подобрување навиките за јадење.
Следење на нотификации
Постојаното надгледување на телефонот не е во ред, но и исклучувањето може да предизвика стрес. Затоа, експертите велат дека најдобро е три пати во текот на денот да се проверуваат нотификациите, односно известувањата што стигнуваат на нашите телефони.
Играње видео игри
Доколку се прави во умерени “дози“, играњето на видео игри и не е така лошо. Помага во надминување на дислексија, поттикнува за побрзо носење на одлуки, намалува стрес и болка и помага за подобри социјални конекции.
Фантазирање
Нашите мозоци се многу поактивни кога фантазираме отколку кога сме фокусирани на секојдневни рутински задачи. Можеби со тоа не сработуваме ништо конкретно, но си помагаме да осознаеме некои работи за себе и добро да размислиме за нашите животни цели.
Неред
Малку креативен неред ги поттикнува луѓето подобро да размислуваат, да добиваат интересни идеи и да бидат пофлексибилни. Доколку сте од оние што подобро работат кога пред себе гледаат мал хаос, тогаш слободно продолжете така.
Фото: Pixabay