Да се биде назначен за извршен директор е успех во сечија кариера. Но, сепак треба да се знае дека високата функција носи и голема одговорност. Затоа ќе треба да се преиспитате себе си, начинот на кој ги гледате другите и кои се вашите главни задачи.
Сите ќе бидат во исчекување
Од моментот кога ќе бидете назначени за извршен директор работите ќе се сменат. Луѓето на вас ќе гледаат малку поинаку. Ќе бидат во одредено исчекување да видат што и како ќе направите сега кога ја имате новата функција. Не треба да се плашите, туку треба во целост да ја прифатите улогата и да стоите цврсто зад секоја следна одлука. Како ќе се поставите од почекот, така ќе биде и до крај.
Информациите нема да бидат секогаш достапни
Луѓето веќе нема да ви доставуваат информации на истиот начин. Повеќе нема известувања за било какво случување во и надвор од компанијата. На останатите колеги може да им биде малку неудобно да бидат целосно искрени со вас и повеќето ќе се определат да споделат некоја информација со некој што е на пониска позиција од вашата.
Не бидете зависни од директните известувања
Иако најмногу време ќе поминувате со останатите од раководството, ќе треба да се сретнувате и со останатите вработени за да имате подобар увид во работењето на компанијата. Затоа не смеете да се потпирате исклучиво на луѓето чијашто задача е да ви поднесат извештаи. Поставете се во позиција и другите да ве известуваат за одредени случувања.
Не се обидувајте да смените се одеднаш
Можеби ќе посакате да промените многу работи кога ќе ја имате моќта во вашите раце, но експертите велат дека тоа може да биде контрапродуктивно. Подобро започнете со тоа што има најголемо влијание врз работењето, отколку да стартувате веднаш со повеќе помали промени.
Разграничување на обврските
Штом дојдете на директорска позиција секој ќе бара од вас по нешто. Ваше е да ги разграничите обврските, односно да ги прифатите оние што лично ќе мора да ги направите, а останатите да ги делегирате на соодветните луѓе.
Фото: Pexels