Четири работи што секој производ/услуга треба да ги реши

98

Речиси секој бизнис е дизајниран да реши одредени проблеми/потреби што клиентите ги имаат. Она што вие го нудите треба да има и дополнителна вредност, односно да гарантира задоволство кај купувачите.

Генерално постојат четири “проблеми“ за коишто треба да обезбедите решение. Понатаму тие се делат во помали категории, но клучно за успех на секој бизнис е да одговори на следново:

Цена

Купувачите сакаат нешто слично на тоа што досега го користат, но секако по пониска цена или без дополнителни трошоци и такси.

Ефикасност

Клиентите секогаш сакаат максимална ефикасност на тоа што го нудите. Затоа потрудете се вашиот производ да им го обезбеди тоа што им треба.

Лесно користење

Можеби производот е сосема во ред, но недостасува одредено олеснување на целиот просец за негово користење. Секој сака што полесно да може да го употреби тоа што го продавате.

Асистенција

Тука се надоврзува и поддршката или сервисот за одредениот производ. Клиентите сакаат да имаат на располагање некој што ќе им помогне доколку наидат на проблем. Бадијала ќе биде доколку имате софистицирано решение, а недоволни упатства за негово користење.

Фото:Pixabay