Легендарниот челник на TAG Heuer и Hublot доаѓа на Weekend Media Festival

52

Weekend Media Festival во Ровињ го носи едно од најзначајните имиња во индустријата на луксузни брендови, челникот на Hublot и Zenith и неизвршен директор на деловната единица за часови на групацијата LVMH Watches Worldwide, Жан Клод Бивер. Тој е познат и како икона во индустријата за производство на часовници и е заслужен за глобалниот успех на познатите брендови како што се TAG Heuer и Hublot, а ќе одржи ексклузивно предавање во рамки на Weekend Masterclass.

Weekend Masterclass е нов формат на Weekend Media Festival, на којшто во четврток на 19-ти септември, во конгресната сал на луксузниот Grand Park Hotel Rovinj, ќе се одржат предавања и панели. Со воведување на овој формат и дополнителен ден за предавања наменети за бизнис заедницата, го продолжуваат траењето на најдолгиот регионален комуникациски фестивал.

“Среќни сме што и оваа година Weekend носи големи иновации за сите наши учесници. Во Grand Park Hotel Rovinj, кој сигурен сум дека со голем интерес ќе го разгледаме бидејќи го подигна нивото на луксузна понуда во Хрватска, го носиме еден од најатрактивните предавачи од светот на европските луксузни брендови. Park, Бивер и Weekend Masterclass сигурно одлично ќе го одбележат отворањето на 12-от Weekend“, изјави Никола Врдољак, програмски директор на Weekend Media Festival.

Инаку, Бивер е еден од највлијателните луѓе во светот на часовниците. Од голем маркетинг експерт на својот професионален пат скоро преку ноќ успева од релативно млади модни компании да направи луксузни брендови што денес се симбол за престиж и чии производи ги посакува секој во својата приватна колекција. Тој е првиот кој инкорпорираше луксузниот бренд во светот на фудбалот на Европските првенства во фудбал UEFA EURO 2006 и 2008 година.

Најголемиот регионален фестивал на комуникации, освен што е интересен по предавања, како и провокативни и конструктивни расправи околу трендовите во медиумската индустрија, е познат и како место за добри забави. Овогодишниот 12-ти Weekend Media Festival, што се одржува од 19-ти до 22-ри септември, во Ровињ носи и одлична музичка програма во духот на Вудсток, од времето кога музиката станува уметност и средство за отпор.