Ако сакате полесно да напредувате во кариерата треба да ги имате овие пет вештини.
Говорење во јавност
Без способноста да се говори во јавност не може да напредувате многу. Ако не умеете успешно и со леснотија да комуницирате со луѓето, без разлика дали е тоа дијалог или состанок со поголем број на присутни, прилично тешко ќе се искачувате на корпоративната скала. Јавното говорење треба да биде “исполирана“ вештина во вашето досие.
Пишување
Не станува збор за пишување на обичен мејл или порака, туку вешто управување со јазикот на различни стилови. Во работата никогаш не се знае кога ќе затреба добро да се изразите во пишана форма, да составите професионален извештај… и притоа да не направите никаква граматичка или јазична грешка. Затоа, работете на оваа вештина, колку подобро ја совладате толку полесно ќе ви “тече“ мислата, а со тоа и работата.
Cloud computing
Cloud computing (обработка на податоци во облак) е технолошка вештина што сè повеќе се бара поради зголеменото влијание на дигитализацијата во речиси секоја индустрија. Токму затоа за да напредувате потребни ви се компјутерски вештини, а Cloud computing е токму една од најбараните.
Креативност
Креативноста, иста така, спаѓа во една од петте најбарани вештини кај кандидатите за работа и тој тренд ќе продолжи и понатаму. Со зголемување на бројот на апликации и технологии, креативните луѓе кои ќе умеат својата вештина да ја применат на нови производи ќе напредуваат брзо во својата кариера.
Способност за брзо учење
Ако немате способност и желба да учите нови работи и вештини, не можете ни да созревате како личност, ниту да напредувате во работата. Секој работодавач сака вработен кој е подготвен и желен да учи и да се оспособува за секое наредно ниво.
Фото: Pexels