Навистина ќе беше добро денот да траеше уште неколку часа… Но, што е тука е. Да го искористиме времето најдобро што можеме.
Оставете ги работите што ви ги трошат часовите
Понекогаш не сме свесни дека премногу време посветуваме на небитни работи, нешта кои само ни го трошат времето. Анализирајте го вашиот ден… Дали навистина некои работи заслужуваат толкаво внимание? Предолго време следиме една рутина што можеби е подобро целосно да ја отфрлиме од нашето секојдневие. Без разлика за што станува збор, вие сте тие кои треба да одлучите која активност е речиси бесцелна и да ја елиминирате од распоредот.
Едно по едно
Не се преоптоварувајте со пренатрупан распоред. Во сиот тој хаос сигурно нешто ќе заборавите или ќе направите погрешно, па потоа ќе ви треба дополнително време за да доведете во ред. Добро е да се има некаков распоред, така полесно ќе имате и самоконтрола врз секојдневието. Сосема во ред е и да не биде сè според него, додека наоѓате време за извршување на важните обврски.
Делегирање
Доколку сте на функција и можете да распределувате задачи на други луѓе, правете го тоа. Понекогаш некој друг може подобро да сработи одредена задача од вас, само треба да му дадете шанса. Не мислете дека вие сте единствените што најдобро знаат и умеат да ги завршат обврските.
Кажете НЕ
Имајте на ум дека вие и вашето здравје сте на прво место. Добро е да се помогне, но лошо е кога некој сака да ве искористи. Затоа добро прoценете ги сите молби и барања што стигнуваат на ваша “адреса“. Некои ќе заслужат ваше внимание и помош, но ќе има и такви за кои едноставно ќе треба да кажете НЕ.
Време за себе
Задолжително оставете малку време за себе и своите мисли. Погледнете дали го направивте вистинскиот избор и дали ги презедовте ефективните чекори. Ако тоа е така, одговорете Како успеавте да го направите тоа? Колку и да немате време, најдете барем неколку минути за анализа, полнење батерии и “рестартирање“.
Фото: Pexels