Фото: Pixabay
Станува збор за уште еден странцизам што се поврзува со осигурување. Loss Adjuster е застапник за осигурување што има задача да го анализира штетниот настан и настанатата штета, по што ќе може да ја одреди висината на надоместокот што треба да му биде исплатена на оштетениот.
Loss Adjuster-от може да се ангажира кога е настаната поголема материјална штета во случај, на пример, на пожар, поплава, кражба на скапоцени предмети, елементарни непогоди.
Една од главните задачи на овие експерти е да ја утврдат причината за настанување на штетата. Исто така, тој мора да изготви и извештај што ги содржи сите потребни детали околу предизвиканата штета и потоа осигурителната компанија треба да направи проценка и да донесе соодветна одлука.
Нивното “експертско око“ има задача да направи проценка на настанатата штета и да не дозволи ниту една од инволвираните страни да биде оштетена во процесот. Важно е да се залага за тоа настанатата штета да биде што е можно помала, а последиците намалени или отстранети на време за да се не се предизвикаат дополнителни трошоци.