Секој посакува да биде среќен и богат. Некој ќе каже дека среќата различно се толкува, а исто така и богатството. Што за еден е среќа, за друг не мора да биде и колку некој посакува не е исто со желбите на другиот. Сепак, она што е темел на двете работи се добрите конекции, врски и познанства со другите луѓе.
Еве пет чекори што ќе ви помогнат да го постигнете тоа.
Редовно запознавајте нови луѓе
Бидете редовен посетител на настани за вмрежување и секогаш отворени за нови познанства. Понекогаш времето не е на наша страна, па затоа паметно распределете го. Пронајдете каде и кога можете да се сретнете со одредени луѓе со кои би сакале да се запознаете и работете на тоа.
Создавајте моменти за сеќавање
Тоа не мора да биде нешто големо и екстравагантно. Потрудете се да создадете момент што вие и вашите пријатели засекогаш ќе го паметите, надвор од бизнисот и обврските. Така подобро ќе ги зацврстите односите со луѓето и ќе формирате потрајни врски.
Темелете ги врските на знаење
Запознајте го човекот одблизу. Не градете површни познанства само да за кажете дека некого познавате. Направете го тоа што е потребно, дознајте што можете повеќе за личноста. Честопати под “површината“ има многу повеќе отколку што можеме да видиме на прв поглед.
Без озборување
Не паѓајте на евтино озборување. Честопати кога нема што паметно да кажеме започнуваме да зборуваме за некој човек (не)вистини. Ако сакате да изградите врска што ќе се темели на доверба, заборавете на коментарите од ваков тип. Заменете го озборувањето со искрена пофалба.
Третирајте ги сите еднакво
Не смеете луѓето да ти третирате според нивниот моментален статус. Без разлика дали станува збор за директор на голема корпорација или работник на бензинска пумпа, секој човек е еднаков. Никогаш не се знае од каде може да произлезе соработка, пријателство па и голема зделка.
Фото: Pixabay