Финанце: НО на Триглав го смени Матјаж Раковец

39

matjaz rakovecНадзорниот одбор на најголемата словенечка осигурителна куќа Триглав, според неофицијални информации, го разреши претседателот на Управата Матјаж Раковец или се договориле за негово заминување. Официјална потврда нема, но како што пишува Финанце, Раковец е разрешен од економски причини и веројатно ќе добие отпремнина во висина од шест плати, што е околу 75.000 евра бруто.

За в.д. претседател на Управата е именуван досегашниот член на управата, Андреј Слапар.

Како што пишува словенечко Дело, во последно време расте притисокот врз Раковец, особено откако Агенцијата за надзор на пазарот за хартии од вредност во понеделникот покрена прекршочна постапка против Триглав и Раковец поради сомнение дека се злоупотребени доверливи информации.

Имено, Раковец во интервју за хрватски Јутарњи лист најави дека оваа година планира да предложи исплата на рекордна дивиденда од 22,7 милиони евра (едно евро бруто по акција), а дури два дена подоцна информацијата беше објавена на интернет страната на Љубљанска берза, која, како што пишува Дело, е првото месо за објавување на такви податоци и подеднакво им е достапна на сите акционери.