Подгорица ќе добие нова фабрика за цигари

52

DKPКонзорциум од три компании, две од Црна Гора и една од Србија, ќе градат нов тутунски компинат во Подгорица, во вредност од 9,5 милиони евра. Трите компании се должни во следните 12 месеци да изградат нова фабрика за тутун, да направат ремонт на машините кои работеа во досегашниот Тутунски комбинат Подгорица (ДКП), да набават нови машини и да започнат со производство на цигари. Во новата фабрика ќе бидат вработени 150 луѓе.

Новиот тутунски комбинат ќе биде наследник на ДКП, некогаш една од најуспешните црногорски компании.

Покрај изградбата на нова фабрика за производство на цигари, црногорската влада ќе преземе мерки за зголемување и унапредување на производството на тутун во околината на Подгорица, кое во последните 10 години значително стагнираше поради ниските откупни цени.