Рендгенските снимки им се неопходни на стоматолозите за да го дијагностицираат здравјето на забите. Американскиот старт – ап Videa Health користи машинско учење и автоматско препознавање на снимки во стоматологијата.
Оваа технологија овозможува на поголем број пациенти да им се забележат проблеми со забите без да трпат долготрајни и инвазивни постапки. Вештачката интелигенција, во овој случај, нема да биде конкуренција за стоматолозите, туку нивна ефикасна алатка.
Стартапот веќе соработува со повеќе стоматолошки клиники во САД со цел унифицирано и едноставно препознавање на рендгенските снимки.
Фото: Pixabay