Потенцијалот на Internet Of Things (IoT) во осигурувањето

305

На почетокот на декември по петти пат ќе се одржи FinTech Connect, саем  посветен на fintech индустријата. На него учество земаат големи банки, осигурителни копмании, инвеститори и играчи на пазарот на капитални инвестиции.

На овој настан ќе се соберат врвни fintech и финансиски професионалци, кои бараат начини за компетитивност на нивните бизниси. Ќе бидат застапени и инвеститори кои се во потрага по пораст на инвестициите како и стручни совети од професионалци. Дел од нив се и иноватори од областа на Internet Of Things (IoT), којашто продира во секоја индустрија, вклучително и осигурувањето.

Меѓу клучните говорници на овој настан е Матео Карбоне, основач и директор на IoT Insurance Observatory. Тој ќе зборува за иднината на осигурувањето во дигиталниот свет.

“Способноста за иновации во осигурителниот сектор е доста повисока. Германската пошта за прв пат експериментираше со дигитална продажба на осигурување на почетокот на 80-тите. Користеа податоци пренесувани преку телефонска мрежа со прикажување на нивната содржина на ТВ екраните“, истакнува Карбоне.

“До денес, речиси 60% од автомобилското осигурување се продава онлајн ширум Обединетото Кралство. Ова е за три пати поголема зачестеност од 17% на е-трговија на поле на целата малопродажна индустрија во Oбединетото Кралство. Надвор од Европа, Северноафриканскиот осигурител Discovery промовираше нов начин за подобрување на животите на осигурениците преку фитнес направи. Тие можат да го следат однесувањето, да генерираат попусти и да даваат инсенитиви за учество во различни здрави активности. Discovery успеа да го пренесе овој модел на ‘виталност’ во речиси 20 различни земји и различни компании“, додаде тој.

Зборувајќи за најважната технолошка иновација во 2019-та во insurtech, тој подвлече: “Во осигурителнот сектор ништо не се случи преку ноќ. Многу од insurtech решенијата се во нивната почетна фаза. До денес, еден од најзрелите insurtech пристапи е telematics и некои пракси почнаа да носат вистинска вредност од неговото користење. Тука е Root, американскиот insurtech провајдер чиј бизнис е базиран на ‘пробај пред да купиш’ – telematics апликација. Нивната вредност надмина една милијарда долари во последната рунда од финансирањето“.

Ова ќе биде петта година како се одржува FinTech Connect, којшто е најголем саем од областа на финансиите во Обединетото Кралство. Во 2018 година на него учествувале 3.719 учесници од 1.800 компании. Оваа година се очекува нивниот број да биде преку 5.000 учесници во тек на два дена, со преку 250 говорници.