Кинеските мобилни оператори China Mobile, China Unicom и China Telecom денеска воведуваат 5G технологија во 50 градови во земјата, вклучувајќи ги Пекинг и Шангај.
Овој потег првично беше закажан за почетокот на следната година, но кинеските власти решија да ја забрзаат процедурата, пишува BBC.
Услугата којашто нуди супер брз и стабилен интернет во Кина ќе чини од 128 (18 долари) до 599 јуани (85 долари).
До крајот на годината повеќе од 130.000 5G станици ќе бидат активирани во земјата како поддршкa на 5G мрежата.
Фото: Pixabay