Allianz прв осигурител со целосно странски капитал во Кина

75

Осигурителната компанија Allianz ја потврди својата големина. Како што информираше Bloomberg, одобрувањето од регулаторното тело на Кина е веќе добиено. Тоа значи Allianz започнува со постапката за формирање холдинг за осигурување во Кина. Седиштето на овој осигурителен холдинг ќе биде во Шангај. Според економските аналитичари, ова е сериозен исчекор во кинеската економија, ако се знае дека ова ќе виде прва 100% странска сопственост.

Ова е еден од најважните потези по долгорочните позитивни билатерални односи меѓу Кина и Германија. Со ова се дава до знаење дека односите се во добра насока и дека овие силни економии заедно ќе соработуваат. Регулаторот, направи некои законски измени и ја олабави регулативата само да се поттикнат инвестициите од странски финансиски институции.

“Кина е централна за нашата стратегија за раст во Азија. На овие развојни позиции Allianz цврсто ги комбинира нашите глобални знаења со длабоки увиди за локалните потрошувачки и индустриски потреби. Со нетрпение очекуваме да придонесеме за континуираниот развој и иновативност на брзорастечкиот осигурителен сектор во Кина. Секако, сакаме да понудиме нови и подобри услуги во служба на кинеските клиенти и заедници“, изјави Џорџ Сарторел, регионален извршен директор на Allianz за Азија и Пацифик.

Главниот извршен директор на Allianz, Оливер Бате, е пресреќен поради тоа што оваа компанија ќе биде првата странска осигурителна куќа којашто основа холдинг компанија во Кина.

“Пресреќен сум и горд што ќе бидеме првата компанија којашто ќе удри печат во овој дел. Германскиот осигурувач е присутен во Кина од 1910 година. Но, до сега работевме преку партнерство со локалните осигурувачи и преку заедничко вложување. Сега ќе станеме првата странска осигурителна куќа која основа холдинг-компанија во Кина. Очекуваме премиите за осигурување на овој пазар да продолжат да растат со стапка од 14% годишно во текот на следната деценија“, изјави Бате.

Оваа компанија вработува околу 2.000 луѓе во филијалите во Кина. Обезбедува целосен спектар на заштита, управување со ризик и управување со средства и услуги во земјата. Формирањето на новата холдинг-компанија на Allianz Кина се очекува да заврши до крајот на 2019 година.