Осигурување во училиштата: Чекори за пријава на штета на ученик

1541

Школската година навлезе во месец ноември, а со тоа започна џагорот, смеата, но и можноста за повреди при многубројните детски игри. Децата ќе паднат, ќе се турнат или ќе се лизнат. Сето тоа е дел од детската игра и никој не би посакал живот на поинаков начин. Но, постојат мали работи што сите можеме да ги направиме за да бидеме сигурни дека децата ќе бидат безбедни и сигурни. Тоа е да ги заштитиме од ситуации кои можат да доведат до несакани последици. Како и секоја година, така и оваа година, учениците имаат можност да бидат осигурани од незгода.

Што подразбира осигурувањето на учениците

Осигурувањето од незгода на ученици подразбира осигурување на сите активно запишани ученици во образовната институција, односно институција во којашто се врши осигурувањето, без оглед на нивната актуелна и поранешна здравствена состојба, нивната возраст или работната способност. Осигурувањето се склучува со старателите во име на децата. Тоа нуди целосна заштита во текот на 24 часа, насекаде низ државата. Ги покрива сите трошоци настанати како последица на несреќен случај (незгода). Тоа е со вклучени трошоци за нарушена здравствена состојба за којашто е потребна лекарска помош. Во изминативе неколку години имаше случаи висината на осигураната сума, откако ќе биде исплатена да биде ниска и разочарувачка за родителите. Така што ова доведе до реакција кај родителите да не ги осигуруваат своите деца во училиште. Минималната сума којашто се осигуруваат дечињата изнесува минимално 50 денари месечно. Тоа е сума којашто може да си ја препушти секој.

Начин на користење на осигурувањето за пријава на штета

Откако ќе се случи повредата, односно несреќниот случај, прво што треба да направите е да го однесете детето на доктор. Докторот ќе констатира повреда и вие ќе мора да ги следите советите на докторот во однос на лекувањето. Штетата од лекувањето се пријавува веднаш после заздравување и завршување на лечењето. За несреќен случај се смета секој ненадеен, непредвиден и од волјата на осигуреникот независен настан. Тој настан дејствува однадвор и нагло врз телото од осигуреникот, односно предизвикува негова смрт, траен инвалидитет, минлива неспособност за работа, сместување и лекување во болница или настанување на трошоци за лекување.

Како несреќни случаи се сметаат: прегазување, судар, удар со или во каков било предмет, удар од електрична струја или гром. Предвид се земаат и паѓање, лизгање, ранување со оружје, други предмети или експлозивен материјал, убод од каков било предмет, удар или каснување од животно. Во несреќни случаи влегуваат и труење со храна или хемиски средства, освен заразни болести, потоа труење поради вдишување гас или отровна пареа, освен професионални болести. Инфекција на рана предизвикана од несреќен случај, изгореници од оган или електрична енергија, жешки предмети, течности или пареа, киселини и бази. Потоа, давење и потопување, гушење или задушување поради затрупување како и поради вдишување на пареа или гас – освен професионални заболувања. Исто и е прекумерен телесен напор, нагли телесни движења до кои доаѓа поради непредвидени надворешни случувања, меѓутоа само ако предизвикуваат истегнување на мускули, изместување на зглоб, истегнување на зглобно сврзно ткиво, кршење на здрави коски, кршење на трајни, здрави заби и се утврдени во болница или здравствена установа.

Кои документи се потребни за пријава на штетата

Сè што треба да направите е целосно да ја пополните и потпишете пријавата за штета. Да добиете потврда од институцијата, каде ќе биде наведено бројот на полиса по која е осигуреникот осигурен и пријавува штета. Се приложува копија од потпишаната полиса од страна на институцијата (договорувач на осигурувањето). Исто така, копија од целосното лечење со документација од првиот до последниот ден на лекувањето. Се приложува и извод од матична книга на родени (за малолетни лица – ученици, деца во градинка и сл.). Најважно е дека во случај да недостасува некој од документите, осигурителното друштво му овозможува да достави дополнително документи.  И на крај, се доставува копија од трансакциска сметка на оштетениот или неговиот полномошник за исплаќање на штетата.