Продаден удел од Manchester City за пола милијарда долари

62

Американската инвестициона компанија Silver Lake откупи околу 10% од британскиот фудбалски клуб Manchester City за пола милијарда долари, пишува Financial Times.

Со оваа трансакција, пазарната вредност на фудбалскиот клуб достигна 4,8 милијарди долари.

Silver Lake досега инвестираше во технолошки компании од Силиконската долина, но во последно време почна да инвестира во други дејности. Се наведува пред да откупат де од Manchester City, компанијата имала обид да купи удел во фудбалскиот клуб Chelsea.

City Football Group (CFG) е холдинг што управува со повеќе фудбалски клубови, а е во сопственост на Abu Dhabi United Group, а две кинески компании се малцински партнери.