Како да одбиете потенцијален партнер без да ги “заладите“ односите

118

Честопати се случува да се согласиме за некоја работа, иако не сме сосема задоволни. Некако полесно ни е да кажеме “во ред“ отколку да образложиме зошто не ни се допаѓа нечија идеја или одлука.

Во претприемачкиот свет ова може многу да ги чини и двете страни. Затоа е многу подобро да не се даваат лажни надежи и да не се пристапува кон несоодветни одлуки коишто би направиле поголема штета отколку корист, на долги патеки.

Не праќајте погрешни сигнали

Доколку нешто не ви се допаѓа дајте до знаење уште на почетокот. Внимавајте на говорот на телото и во ниеден момент не испраќајте сигнали дека зделката ќе биде склучена. Дури и да е така воздржете се до самиот крај кога ќе бидат преиспитани сите страни и мислења. Не го наведувајте партнерот да мисли дека сè е финализирано, за потоа да биде уште поразочаран.

Одлуки што одговараат за сите

За време на преговарачкиот процес треба да дадете до знаење дека не сте единствени кои можат да одлучат. Можете да потенцирате дека со одлуката засегнати се повеќе страни, како на пример, други основачи, одбор на директори и слично и дека мора да се разгледаат и нивните мислења пред да се донесе финална одлука.

Во бизнисот многу е важно да градите добри врски со вработените, партнерите, соработниците, клиентите. Многу успешни бизниси се темелат на добрата комуникацијата помеѓу сите инволвирани страни.

Способноста да се одбие нешто без притоа да се нарушат односите е многу важна во светот на бизнисот. Затоа посветете се на усовршување на техниката.

Фото: Pexels