Што треба да понесете при патување со возило во странство

108

Кога се патува во странство со моторно или приклучно возило надвор од границите на државата задолжително треба да се поседува зелена карта за моторното и приклучното возило. Зелените карти согласно меѓународните договoри се издаваат по овластување на Националното биро за осигурување на Северна Македонија од страна на осигурителните компании членки на Бирото.

Зелените карти се фактички продолжение на осигурувањето од автомобилска одговорност коешто е задолжително со закон за сите кои имаат моторни и приклучни возила, за евентуални штети кои ќе се причинат на трети лица со управување на моторните возила при патување во странство, односно во земјите членки на Системот на зелена карта. Непосредна контрола на зелените карти вршат претставници на полицијата на граничните премини (при влез или излез во одредена земја). Со влегување на територијата на една земја од 28-те членки на Европската унија првата контрола фактички овозможува движење со возилото во рамките на сите држави членки на унијата.

Кога зелената карта не е валидна

Зелената карта не е валидна во следните случаи :

  • е погрешно или нецелосно пополнета, како на пример: нема податоци за марката или регистарскиот број на возилото или истите не се совпаѓаат со оние од сообраќајната книшка или полисата за А/О осигурување)
  • е изминат рокот на важење или истиот не се совпаѓа со важењето на полисата за А/О.
  • нема податоци (име и адреса, потпис и печат) на осигурувачот
  • истата е оштетена, скината или од неа не може да се утврди содржината.
  • има прешкртувања, преправања на букви или броеви и сл.

Во сите поединечни случаи, кога ќе се утврди невалидност на зелената карта, треба да бара нова зелена карта која може осигуреникот да ја добие од осигуравачот или од друштвата за застапување или брокерските друштва кои во корист и за сметка на осигурителните друштва издаваат зелени карти на граничните премини.