Што да правите ако тргнете на пат без патничко осигурување и зелен картон?

960

Подготовката за пат е стресна работа и често ќе се случи да се заборави нешто важно. Колку темелно и да се го планира патувањето, секогаш и секому може да се случи да тргнете без нешто што е неопходно. Дел од тие неопходни работи, кога патувате надвор од државата се патничко осигурување и зелен картон, без коишто воопшто и не можете да ја поминете границата со автомобил. Што може да направите во ваков случај?

Најчесто кога тргнувате на пат, на викенд или на одмор, тоа е после работното време или во неработен ден, односно во време кога осигурителните компании не се отворени, а бидејќи зелениот картон може да го извадите единствено во компанијата во којашто сте ја извадиле и полисата за регистрација на возилото (полиса за автоодговорност) тоа по автоматизам ги намалува вашите опции.

Доколку патувате во период кога е нормално работно време, ситуацијата може да ја спасите со застанување во некој од попатните градови и вадење на полисата во експозитура на компанијата. Но, доколку патувате за празник или во неработен ден, ситуацијата е малку покомплицирана. Во овој случај треба да се јавите кај  осигурителен агент или во осигурителната компанија, доколку има дежурен контакт центар и да ги замолите да организираат вадење на полисата во најблискиот град.

Кога станува збор за патничкото осигурување, примерок од истото може да биде испратено по електронски пат и покажување на таквата копија заедно со документи за идентификација во најголем дел од случаевите кога е потребна медицинска помош ќе биде валиден доказ дека поседувате осигурување. Но, кога во прашање е зелениот картон, него веќе мора да го поседувате физички, што значи дека во овој случај е клучно колку брзо може да дојдете до него.

И во обете ситуации клучно е да имате на располагање некој кој вон регуларното време може најбрзо и наједноставно да го организира целиот процес на вадење и достава на полисите кои се неопходни во моментот.