Белград преку апликација ќе го позеленува градот

47

Во Белград наскоро ќе биде активирана апликација со помош на која граѓаните ќе може да ги видат сите локации предвидени за садење дрва на годишно ниво.

На тој начин градот сака да ги повика донаторите и заедно со граѓаните да ја достигне зацртаната цел – степенот за пошуменост на градот во наредните 10 години да се подигне од 15% на 25%, најави заменик градоначалникот Горан Весиќ.

“Овој вид апликација добро функционира во многу градови во Европа, па нема причина граѓаните на Белград да не ја прифатат. Граѓаните ќе може да изберат локација и донираат пари за садници, а покрај засаденото дрво ќе стои нивното име“, објасни Весиќ.

Тој вели дека Белград спаѓа во зелени престолнини на Европа, но ситуацијата не е задоволувачка.

Фото: Pexels