GLOFace – технолошко решение што може да спаси живот на многу возачи

30

Меѓународната компанија GlobalLogic, еден од лидерите во областа на развој на производи и услуги за дигитална трансформација, го разви GLOFace – ИТ решение коешто на возачите им овозможува да препознаат срцев или мозочен удар. Системот идентификува карактеристични симптоми на овие болести, односно асиметрија на лице, гримаси предизвикани од болки и тикови на лицето.

GLOFace, исто така, овозможува анализа на лицето на возачот за време на возењето со која се откриваат знаци на умор или ако заспие за време на возењето.

“Ова е ИТ решение коешто нуди бројни функционалности кои може да помогнат во спречување на можни несреќи во сообраќајот. Сите возачи кои учествуваат во сообраќајот се изложени на здравствен ризик, а посебно е вредно за професионалните возачи како возач на камион. Возач на тешко товарно возило кој се онесвестил за време на возењето претставува голема опасност во сообраќајот и може да предизвика сериозни последици. Затоа е важно да се следи здравјето на возачот за време на возењето, а GLOFace е вистинско решение“, вели Владимир Косановиќ, директор на GlobalLogic  Хрватска.

Фото: Pexels