Кои се топ три направени осигурувања на имот

85

Осигурувањето на имотот на правни лица опфаќа неколку различни видови на осигурување на мали и средни компании, како и останати правни лица. Со тоа се обезбедува целосно покритие од сите ризици со коишто се соочуваат правните лица во текот на работењето. На тој начин, функционирањето на еден правен субјект и задржување на солвентноста и во случај на штета на градежниот дел, опремата, машините, залихата и останатиот имот е загарантирана. Непредвидливите настани кои често се со голем интензитет, за жал, во голем број на случаи не можат да се избегнат. Сепак, можат да се избегнат обемните финансиски загуби што се јавуваат како резултат на остварување на осигурениот случај.

Oсновното осигурување кое треба да го има секоја компанија е осигурување од пожар и други опасности. Го штити имотот од основните ризици, т.н. пожарни ризици: пожар, град, гром, луња, излевање на вода од инсталации, манифестации и демонстрации, експлозија, удар од сопствено моторно возило, паѓање на воздушни летала. Исто може да се направи осигурување на објекти во градба. Со ова осигурување може да се осигураат како градежниот објект на компанијата, така и машините, опремата и залихите со кои располагате или пак да направите осигурување од кршење на стакло. Со ова осигурување компаниите се штитат од материјални трошоци коишто може да се претрпат во случај на кршење и оштетување на стаклата на објектот во нејзина сопственост. Предмет на ова осигурување можат да бидат сите видови стакла, светлосни  натписи и реклами, слики, натписи и украси изработени на осигурени стакла, мермерни плочи од вештачки камен на маси, пултови, регали и сл.

Кој го држи рекордот во осигурување имот според Бирото за јавни набавки?

Државните компании, како една од главните законски обврски е да направат осигурување на имотот, а во некои случаи и на вработените. Особено најизразено е осигурувањето на акционерските друштва во државна сопственост како што се АД Македонска пошта, АД Електрани и АД Мепсо. Тука се и јавните претпријатија како ЈСП Скопје, ЈКП Водовод, ЈП Стрежево и други. Сите овие компании мора да предвидат во годишниот буџет и ставка за осигурување.

Според страната на Бирото за јавни набавки, рекордот за осигурување го држи АД Електрани на Македонија – Скопје. Тие го осигурале имотот и направиле други осигурувања во 2017 година за сума од четири милиони и 258 илјади евра. На второ место е АД Мепсо кои го осигурале имотот и вработените за три осигурителни години во 2016 година за сума од два милиони и 365 илјади евра. На третото место, иако не е државна компанија, а сепак е во топ три е австриска ЕВН Македонија АД Скопје. Тие направиле договор за осигурителни услуги во 2018 година во вредност од два милиони и 40 илјади евра.