Форд ги исполни резервациите за електричната верзија на Мустанг

65

Ford Motor Co. објави дека ги има пополнето сите резервации за најновите електрични автомобили Mustang Mach-E First Edition.

Вториот по големина американски производител на автомобили го презентираше новиот електричен модел на Mustang на 17-ти ноември и постапката на резервации ги започна со депозит од 500 долари.

Ford не откри детали за тоа колкав бил бројот на резервации за првото издание, коешто ќе се продава за сума од околу 60.000 долари, но сепак прецизираше дека глобалното производство во првите 12 месеци за сите верзии Mach – E било ограничено на 50.000 возила.

Маch – Е својата презентација ја имаше во Лос Анџелес во ноември 2019 година и ќе се произведува во фабриките на Мексико. Плановите на Ford се да ги лансира своите први целосно електрични возила до 2022 година со инвестиција од 11,5 милијарди американски долари.

Повеќе од 80% од американските клиенти го резервираа Mach – E со батерија со проширен опсег, додека околу 55% ​​се одлучија за погон на сите тркала, изјавија од Ford.

Интересно е што повеќето нарачки доаѓаат од Калифорнија, речиси над 25%, додека друг момент што ги радува Ford е што 30% од американските љубители на електричните автомобили го избраа токму Mach – E GT, објави компанијата.

Дизајнот на Маch – Е беше инспириран од класичниот спортски автомобил Mustang од 60-тите години на минатиот век и е наменет да го предизвика производителот на електрични автомобили Tesla.