“Големите играчи“ на хрватскиот осигурителниот пазар ги јадат “малите рипки“

114

Управниот одбор на Агенцијата за супервизија на финансиски услуги на Хрватска (Ханфа) донесе одлука во којашто се вели дека ја укинува дозволата на Ерго Осигурување и Животно осигурување Ерго, а со тоа претходното одобрување за работа издадено од страна на Ханфа престанува да важи.

Споменатата промена се случи, бидејќи кон крајот на минатата година осигурителните друштва на Ерго го најавија трансферот на своето портфолио во словенечката компанија Заваровалница Сава, за што претходно добија одобрение од Ханфа.

Согласно горенаведените измени внесени во судскиот регистар на Трговскиот суд во Загреб е избришано од регистарот. Со ова се потврди долгонајавуваното окрупнување на осигурителниот пазар во Хрватска, со кое “големите риби“ ги јадат “малите рипки“, односно останува место само за големите осигурителни друштва.