Generali меѓу првите 100 одржливи корпорации во светот

97

Generali е рангиран на листата на 100 најодржливи корпорации во светот за 2020 година од страна на Corporate Knights. Овогодишното 16-то по ред издание е објавено по проценката на 7.395 компании со приход од повеќе од една милијарда американски долари. Во овие 100 компании, 49 се од Европа, 29 од САД и Канада, 18 од Азија, три од Јужна Америка и само еден претставник е од африканскиот континент.

Ова признание ја потенцира еволуцијата на Generali на патот кон одржливостa, што е составен дел на стратешкиот план Generali 2021. Оваа компанија постави цел да достигне 4,5 милијарди евра во зелени и одржливи инвестиции до 2021 година, со раст од седум до 9% на бруто полисираните премии за зелените и социјално ориентирани производи. Понатаму, во септември 2019 година, Generali ја издаде првата зелена обврзница во европскиот осигурителен сектор во износ од 750 милиони евра.

Заложбата на Generali за одржливост е потврдена и со бројните индекси за одржливост како што се: Dow Jones Sustainability World Index, Dow Jones Sustainability Europe index, MSCI ESG Leaders index, FTSE4Good Europe и Euronext Vigeo Europe 120.