Расте бројот на магистри и специјалисти, се намалува на доктори на науки

68

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2019 година, звањето магистер на науки и специјалист го стекнале вкупно 1.916 лица од кои 1.736 или 90,6% се магистри и 180 или 9,4% се специјалисти. Бројот на магистри и специјалисти, во споредба со 2018 година, е зголемен за 1,6%.

Учеството на жените магистри во вкупниот број на лица кои стекнале научен степен магистер на науки, во 2019 година изнесува 60,1%.

Во 2019 година, најголем број од магистерските трудови, 1.081 или 62%, се од областа на општествените науки, 23% се од областа на техничко-технолошките науки, а останатите се од областа на хуманистичките, природно-математичките, биотехничките и медицинските науки.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2019 година, звањето доктор на науки го стекнале 204 лица што претставува намалување за 16% во споредба со 2018 година.

Најголем број од лицата докторирале во областа на општествените науки, 43,1%, потоа на медицинските науки докторирале 22,5%, следат техничко-технолошките науки со 14,2%, а останатите лица докторирале во областа на хуманистичките науки, природно-математичките науки и биотехничките науки.

Бројот на жените што одбраниле докторска дисертација во текот на 2019 година изнесува 122 што претставува 59,8% од вкупниот број лица што докторирале во 2019 година.

Од вкупниот број докторирани лица, најголем процент, 24%, својата професија ја вршат во образовната дејност.

Фото: Pixabay