Помалку бруцоши оваа академска година во земјава

59

Според податоците на Државниот завод за статистика, добиени врз основа на пристигнатите извештаи, во Македонија, во академската 2019/2020 година се запишани вкупно 51.734 студенти, што претставува намалување за 3,6% во однос на академската 2018/2019 година.

Бројот на запишани студентки изнесува 29.515 или 57,1%.

Најголем број студенти (85,3%) се запишани на државните високообразовни установи, додека 14% се запишани на приватните високообразовни установи.

Прва година на студии, во академската 2019/2020 година, запишале 13.701 студент или 26,5% (тука се опфатени и студентите што по втор, трет и повеќепати запишуваат прва година).