Најлошите карактеристики на најдобрите претприемачи

730

perfekcija-pixabay

Фото: Pixabay

Кои се најлошите особини што ги поседуваат и оние најдобрите во бизнисот, дознајте во продолжение.

Премногу мултитаскинг

Претпримачите имаат илјадници работи на ум, па често се случува за кусо време од една да се префрлат на друга работа, оставајќи многу луѓе збунети, вклучувајќи се и себе си. Затоа не дозволувајте мултитаскингот да ве дефокусира.

Перфекција од секого

Перфекционистите никогаш не се задоволни со својата работа и работата на другите. Тоа може само да го забави процесот на работа, да ги зголеми трошоците, да предизвика проблем во комуникацијата со партнерите, вработените и клиентите.

Нетимски играч

Многу претпримачи сакаат да бидат единствени во бизнисот и преферираат да го водат самостојно. Но сепак со време во бизнисот треба да се создаде тим. Претпримачите тешко се одлучуваат да ја препуштат контролата на другите и тука настануваат проблеми, некои дури се откажуваат од тој бизнис и започнуваат нешто ново.

Премногу егоцентрични

Одлуки базирани на егото, не се исти како одлуките базирани на самодоверба, знаење и доверба. Доколку егото не се скроти станува негативна карактеристика во секој поглед.

Лош баланс помеѓу работата и приватниот живот

Повеќето претпримачи призаваат дека се зависни од работата уште во почетните фази на бизнисот. Со текот на времето оваа карактеристика ќе биде гледана како негативна од страна на партнерите, семејството и членовите на тимот. Тоа само може да го забави напредокот.

Силни емоции и изразен темперамент

Страста и сензитивноста се позитивни особини, но само доколку не излезат од контрола. Доколку расположението се менува често и без одредена причина и донесените одлуки во тој момент можат да бидат оние погрешните. Да не зборуваме за губење на кредибилитетот во очите на другите луѓе.

Поглед на светот преку розови очила

Успешните претприемачи лесно можат да ја изгубат врската со реалниот бизнис свет, штом моќта на парите и статусот земат замав, а кога на понизноста ќе почнат да гледаат како негативна особина, тогаш е крајно време за самопреиспитување.