Граѓаните од Западен Балкан и понатаму ќе можат да работат во Германија

30

Германската влада го одобри продолжувањето на т.н. Правила за Западен Балкан, според кои граѓаните од тој регион сè уште можеа да доаѓаат во Германија на работа.

Граѓаните на Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Северна Македонија и Србија би можеле, без оглед на нивните формални квалификации, да продолжат да доаѓаат во Германија до 2023 година за работа.

Новина е што се воведува годишна квота од 25.000 луѓе. Според германската влада, постои голема побарувачка на работна сила од Западен Балкан, особено во градежната индустрија.

Сепак, Сојузната агенција за труд мора да се согласи со тоа. Проверува дали има германски работници или работници од други земји на ЕУ за постојното работно место и дали условите за работа се исти како и за германските граѓани.

Минатата година, во 2019 година, беа издадени 27.259 визи како дел од проектот “Правила за Западен Балкан“, но агенциите за вработување одобрија повеќе од 62.000 работни места. Меѓутоа, понекогаш, визата се чекаше премногу долго.

Најголемата потреба за работна сила е, како и досега, во градежната индустрија, логистиката и транспортот, и сè уште постои голема потреба од негуватели.