Неколку факти за Суецскиот канал

140

Суецкиот канал изминатиот период беше во центар на светската јавност откако огромен товарен брод се насука и ги подгреа стравовите дека ќе биде “затната“ една од главните “артерии“ на светската трговија.

Станува збор за вештачки канал на ниво на морето во Египет во должина од 163 километри, а ги поврзува Средоземното и Црвеното море, коишто го раздвојуваат африканскиот и азискиот континент. Каналот важи за најблиска поморска врска меѓу западната и источната хемисфера на Земјата. Суецкиот канал е од голема важност за Западот, бидејќи најважните танкери со нафта наменета за Европа поминува од тука.

Суецкиот канал бил национализиран во 1956 година, поради што Франција, Велика Британија и Израел извршија инвазија. Во тој судир биле потопени повеќе бродови, па каналот бил надвор од функција до април следната година. Каналот за поморски сообраќај повторно бил пуштен во употреба во 1975 година.

Модерниот Суецки канал кон конструирала Суецка компанија во период од 1859 и 1869 година, а официјално бил отворен на 17-ти ноември 1869 година. Каналот им овозможува на бродовите пократко да патуваат меѓу северниот Атлантик и северниот Индиски океан преку Медитеранот и Црвеното море, со што се скратува патот за околу 7.000 километри. Пред неговата изградба, морепловците ги чекал пат што траел седум дена повеќе. Патувањето низ каналот трае од 12 до 16 часа.

Според Светскиот економски форум, Суецкиот канал е важен бидејќи 12% од глобалната трговија се врши преку него.

Фото: Pixabay