Повеќе од три милиони луѓе во САД и десетици илјади клиенти во Канада станаа жртви на кражба на податоци од страна на хакери кои го компромитираа системот на надворешен партнер на групацијата Volkswagen.
Групацијата Volkswagen викендов потврди дека нивната подружница во САД, која собирала податоци за клиенти за маркетинг и продажба преку Интернет, била жртва на хакерски напад, а анонимни хакери украле податоци од повеќе од 3,3 милиони луѓе од нивниот систем, пренесува Reuters.
Тоа се податоци што вклучуваат имиња, телефонски броеви, е-пошта и адреси на живеење, а во голем број случаи и VIN (Vehicle Identification Number) броевите на нивните автомобили, како и броевите на возачката дозвола и броевите за социјално осигурување, кои се особено чувствителни податоци во САД.
Украдените податоци се однесуваат на купувачите на возила Volkswagen и Audi, како и на оние кои контактирале со овие компании заинтересирани за можна набавка на возила.
Групацијата Volkswagen објави дека веќе контактирала околу 90 илјади клиенти чии најчувствителни податоци биле украдени и им понудила бесплатна помош за заштита.
Кражбата се случила меѓу август 2019 година и мај 2021 година, а покрај САД, биле компромитирани и неколку десетици илјади клиенти од Канада.
Volkswagen не објави за кој добавувач станува збор.
Фото: Freepik