Данското трговско друштво за прекуокеански развој Ведел Ај-Ти ќе отвори нови канцеларии во Скопје. Новата филијала на компанијата ќе нуди можности за префрлување на деловните активности на нејзините европски клиенти во прекуокеански и во блиски земји.
Национален директор на Ведел Ај-Ти во Скопје ќе биде Крешник Касами од Македонија, кој е роден и образуван во Данска.
Касами порано работеше како директор за продажба и маркетинг во Ведел Ај-Ти и го водеше новиот деловен потфат на управата на компанијата на Балканот.
“Инвестицијата на Ведел Ај-Ти во Скопје наиде на огромна поддршка. Состаноците што јас и сопствениците на нашата компанија, Хенрик Моу и Марк Ведел, ги одржавме со високи функционери од македонската влада ни олеснија да го започнеме нашиот нов деловен потфат во земјата. Силно веруваме дека Македонија и целиот балкански крај се полни со високоталентирани информатички стручњаци, така што можностите за успех во Македонија и за придонесување кон растот на месниот расадник на информатички таленти се многу добри”, вели Касами.
Тој предвидува дека Ведел Ај-Ти Скопје ќе расте со најмалку 50 вработени годишно.