Europcar ја одби понудата на Volkswagen

68

Европската компанија за изнајмување автомобили, Europcar, ја одби понудата за преземање од Volkswagen, пренесува Bloomberg.

Германскиот производител на автомобили понуди 44 центи по акција, со што вредноста на Europcar достигна 2,2 милијарди евра.

Volkswagen е заинтересиран за пристап до инфраструктурата и технологијата со којашто располага Europcar. Иако побарувачката за автомобили за изнајмување се зголемува, сепак се заострува конкуренцијата и условите на пазарот.

Акциите на Europcar се намалија за околу 67% во последната година и достигнале најниско ниво од 25 центи на 26-ти февруари кога компанијата објави дека го завршува своето финансиско реструктуирање.

Volkswagen планирал да поднесе понуда за Еuropcar пред околу една година, но тогаш не се случило ништо. Преземањето за германскиот автомобилски бренд би значело проширување на понудата за мобилност, вклучувајќи и програма за преземање и изнајмување нови и половни електрични автомобили и ќе им овозможи пристап до дополнителни канали за продажба.

Фото: Facebook